По повод својот 23-ти роденден, култното скопско радио „Канал 103“ на 30 април во 18 часот организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена. Влезот на настанот, кој ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар, ќе биде слободен. Тимот на „Стотројка“ најавува целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на „стотројкашки“ филмови, slide show- документ за скопската урбана култура, сето тоа под отворено небо.
-По три години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” се враќа на местото на настанот. Овојпат со пет тапанари, девет гитаристи, четворица басисти и двајца клавијатуристи. Недоговорени за свирка учествуваат: Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Дино Милосављевиќ, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитријоска, Јана Коцева, Драган Гиновски, Стефан Ивановски, Теодор Бошков, Петар Младеновски, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и Ненад Тонкин. Свирката почнува во 21 часот. Дојдете, донирајте и наздравете за вашето радио. И покрај сè, Стотројка… Една љубов-велат од радиото.
Нема коментари