Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс планира да го возобнови својот бренд за машка облека, Farrell, во соработка со Primark. Под етикетата, која е именувана во чест на дедото на Роби, Џек Фарел, ќе бидат промовирани 30 нови парчиња. Линијата ќе биде објавена со помош на брендот Primark.
Застапени се модерни креации со ретро-шмек: елеци, поло маици, темни фармерки, карирани кошули, мантили, палта , блузи по кратки ракави и други неоходни модели за мажите. Нијансите се есенски, се движат од кафена, терносина, црна, светло кафена, сива и други.
Брандот Farrell беше основан од Вилијмс во 2011 година, но минатиот октомври, поради финансиски проблеми, мораше да прогласи банкрот. Сега со помош на инвеститорите од Primark повторно ќе се обиде да го освои модниот пазар во Британија. Самиот Роби, кој неодамна стана татко по вторпат, се појави во креациите од брендот , за нивна промоција.
Нема коментари