Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали го проширува својот угостителски бизнис со уште еден лаунџ-ресторан на шпанскиот остров Ибица. По рестораните, кафулињата и ноќните клубови во Милано, Дубаи, Фиренца, Сен Тропе, Мајами, сега Кавали се одлучи да отвори ресторан во ексклузивната област Ла Марина на Ибица. Ресторанот е на отворено, ќе служи италијанска храна со влијанија од Тоскана, како и црвеното вино Tenuta Degli Dei што го произведува семејството Кавали и ексклузивната вотка со потпис на Роберто Кавали.
-Задоволството да слушате пријатна музика, придружена со одлична храна и со елегантен и софистициран амбиент, тоа е философијата на лаунџ-рестораните на Кавали. Сакав да ги спојам моите страсти за убавина и сензуалност со гостопримството на Ибица – изјави Роберто.
Ресторанот е сместен во голема градина украсена со 500 тропски билки како јасмин и магнолија, а навечер се транстформира во луксузен ноќен клуб декориран во стилот на дизајнерот Кавали со ткаенини со животински принт.
Нема коментари