Славниот актер и оскаровец Роберт де Ниро во својата осма деценија стана манекен во новата кампања на италијанскиот бренд за машка мода Ermenegildo Zegna и покажа дека понекогаш не е потребно да се ангажира млад манекен или влијателен блогер за да се долови машката елеганција. Де Ниро позира во добро скроени и отмени костуми, во потемна палета, во црна, тегет, темносива и во боја на коњак. Актерот во рекламната кампања се појавува заедно со помладиот колега Мекол Ломбарди, исто така Американец со италијанско потекло, а за промотивни потреби снимен е и кратокиот филм Defining Moments во кој Де Ниро му дели актерски лекции на Мекол.
Нема коментари