Канадскиот магазин Flare за лице од августовската насловна ја избра пејачката Рита Ора, која сè повеќе се наметнува како модна икона, креираше колекција на шминка за брендот Rimmel, а глуми и во филмската верзија на бестселерот „Педесет нијанси на сиво“. Рита на првата страница на Flare носи текскасна јакна украсена со нитни и апликации, а во внатрешната фотосесија продолжува со џинс тематиката, а ја гледаме и во комбинација од мрежест модел и шарено кимоно.
Нема коментари