Британската пејачка Рита Ора соработува со компанијата за декоративна козметика „Римел“ на нова линија на лакови за нокти и сјај за усни. Таа за Rimmel London промовира лакови инспирирани од поп-арт нијансите. Станува збор за избор од 12 тонови, од линијата 60 Seconds Nail Polish. Покрај лаковите, таа рекламира и сјај за усни , кој ги нагласува усните и го заокружува изгледот. За Lasting Finish Color Rush Balm направени се пет долготрајни нови тонови. Производите ќе се најдат во продажба на 19 март.
Нема коментари