Познатиот македонски моден креатор Ристо Бимбилоски, кој живее и твори на релација Париз-Охрид-Њујорк, на својот сајт risto.com ја претстави својата нова колекција за сезоната есен-зима 2014/15. Лукбукот го сними нашата фотографка Лепа Георгиевска. Креациите, кои вооснова се со препознатливите принтови и плетки на дизајнерот, се колоритни, со графички апликации и плетени шари. Застапени се темносината, светлокафена, црна, сива, виолетова, неонско розова и златна боја. Преку принтовите со страшна тиква, волк под полна месечина и слично, се наѕира инспирација од Halloween.
Бимбилоски e еден од нашите науспешни креатори со светска кариера. Има стекнато големо искуство во модните куќи „Кензо“ и „Луј Витон“, има соработувано со светски познатиот креатор Марк Џејкобс, и има одржано ревии во Њујорк и во Берлин.Пред два месеца ја промовира својата предесенска колекција.
Нема коментари