На својот профил на „Инстаграм“ македонскиот дизајнер со интернационална кариера, Ристо Бимбилоски, ја промовира својата женска колекцијата за есен-зима 2015. Станува збор за 23 стајлинзи во чиј фокус се плетените парчиња, кои се препознатливи за работата на Бимбилоски. Доминираат сината, бела и црна боја, а моделите се со апстракни принтови, реси од волна и испакнати плетени топчиња. Бимбилоски, кој работи на релација Париз-Охрид-Њујорк во новата линија понудени се капути, здолништа, фустани, џемпери, панталони и палта во минималистички стил. Фотографиите ги изработи CG Watkins, стајлингот е на Azza Yousif.
Нема коментари