Холивудската актерка Рис Витерспун ќе лансира интернет страница посветена на животниот стил. Оваа оскаровка, која е родена во Њу Орлеанс и е порасната во Тенеси, на сајтот ќе ги нагласи своите јужњачки корени и личен животен стил. Витерспун не е првата актерка што основала своја веб-страница позбетен со мода, нега и животен стил. Пред нејзе тоа го направи нејзината пријателка и колешка, Гвинет Палтроу. Таа од 2008 година стои зад сајтот за здрав живот и мода Goop.com. На ова поле ќе се испроба и Блејк Лајвли, со портал за храна.
Нема коментари