Брендовите на младите дизајнерки Катерина Трпковска-Rinocca и Тамара Георгиевска-We and Nature, кои забележаа огромен интерес од страна на публиката на Skopje Design Week 2014, се дел од „Саемот за мебел 2015“ што од вчера до 29 март се одржува во Скопје.
Претприемништвото помеѓу младите дизајнери зема замав и тоа е ветување дека на домашниот пазар ќе бидат понудени иновативни производи кои по вредност, функционалност и естетика ќе ги оправдаат очекувањата како на домашните, така и на странските потрошувачи.
-Не треба да се врши никаква финансиска или пазарна компарација помеѓу овие два скоро формирани бренда и веќе препознатливите фабрики за мебел, но секако дека треба да се почитува храброста на младите дизајнери и нивната иницијатива на здружување. Од претприменички и дизајн аспект значајно е што двете дизајнерки демонстрираат претприемнички дух, пазарна свест и потреба за пласман. Во општ недостаток на претприемништво кај младите лица во земјава оваа иницијатива која е целосно незначителена за економијата но е огромна за дизајн секторот во Македoнија, поттикнува младите креативни умови да ја побараат својата среќа во креирање на сопствени брендови со кои самостојно ќе настапат на пазарот, најпрво на домашниот, а потоа и на странските пазари. Од таа гледна точка овие саемски настапи се многу значајни за правилен и одржлив развој на дизајн секторот во Македонија. Дополнително, преку ваквитекомерцијални излагања дизајнерите не добиваат критика само од „урбаната” заедница, туку се ставени во позиција да се борат со големите комерцијални брендови низ кој процес брзо ќе ја научат лекцијата на пазарни вредности. Со реалната состојба на пазарот во која мебел и другите производители не покажуваат свест за ангажман ниту на домашни ниту на странски дизајнери, дизајнерите се на еден начин „осудени”да се здружуваат или да креираат сопствени брендови. Исто така ќе мора да следи интервенција и од страна на образовните институции во оваа насока доколку не сакаат да створат кадар кој наместо дизајн на производи ќе дизајнира општествени загуби-велат од Public Roomкои стојат зад Skopje Design Week.
Нема коментари