Еден од најперспективните модни дизајнери, Рикардо Тиши, познат како главниот креатор на „Живанши“, ги промовира своите први патики за компанијата за спортска опрема „Најк“. Италијанскиот креатор позира со манекенката Џоан Смолс за февруарското издание на Vogue. Првите патики со потпис на Тиши ќе се најдат во продажба на 1 март, а втората линија на 1 април. Моделите се со бела основа и со кафени и сини детали. Ѓонот е подебел, има модели до глуждот, но дизајни во форма на „мартинки“.
Нема коментари