Кармин и сјај за усни во темновиолетов тон направени од компанијата M.A.C по инструкции на поп-ѕвездата Ријана ќе се најде на пазарот на почетокот на септември. По големиот успех на колекцијата Viva Glam, козметичкиот гигант одлучи да ја обнови соработката со Ријана, лансирајќи ја новата линија Viva Glam II. Ако во првата колекција имаше кармини во класична црвена боја , новата е порадикална, во тек со трендовите , каде што носечкото руменило за усни ќе биде во темновиолетова боја со златен сјај.
Пејачката сними кампањаза промоција на новиот производ во соработка со M.A.C , каде што за да се направи констраст со нијаната на карминот, облечена е во неонско зелено-жолти топ и здолниште и има зелена перика. Линијата Viva Glam II ќе се најде во продавнициет на 8 септември, а приходите од продажбата ќе бидат донирани во борба против сидата.
Нема коментари