Музичката ѕвезда Ријана повторно се најде на насловната страница на американски Vogue, фотографирана во поза како Афродита која излегува од морето, додека носи светкав фустан од пролетната колекција на Том Форд. Фотосесијата за априлскиот број ја направи тандемот Мерт и Маркус, а темата на светкава облека продолжува и на внатрешните страници на кои пејачката од Барбадос позира во модели од „Сен Лоран“, Маркеза и фустан од колекцијата на висока мода на „Живанши“.
Нема коментари