Советот на американски модни дизајнери (CFDA) соопшти дека Ријана дека ќе ја добие наградата за модна икона на церемонијата што ќе се одржи на 2 јуни оваа година. Признанието кое претходно го добија Кејт Мос, Лејди Гага и Иман, се доделува на „индивидуи чиј стил предизвикал значајно влијание на светската популарната култура“.
Најавата дојде по неколкуте појавувања на пејачката во првите редови на ревиите на Париската модна недела, ангажманот како заштитно лице на брендот „Балман“, насловните страници на Vogue, дизајнирањето колекција за River Island, и што е најважно, после серијата на смели и често провокатовни комбинации што само таа може да ги „износи“.
Ријана стана блиска пријателка и со Карл Лагерфелд. За нејзиниот моден стил најзаслужни се стилистот Мел Отенберг и костимографот Адам Селман, а дел од нејзиниот еклектичен стил се креациите на бренд0т KTZ на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски.
Нема коментари