Ријана продолжува да го промовира својот козметички бренд Fenty Beauty и тоа го прави доста успешно. Доказ е фотосесијата што ја објави на Инстаграм во која позира во златен фустан, додека на телото е намачкана со препарат со ултра светкав ефект. Всушност, со овие фотографии таа го најавува враќањето на познатиот препарат со светки Body Lava, кој сега доаѓа со новa нијанса Trophy Wife.
Fenty Beauty на Ријана за кратко време стана значаен козметички бренд кој што одлично се продава и е омилен меѓу вљубеничките на шминката. Пејачката исто така ја промовира линијата на долна облека Savage x Fenty, а наскоро се очекува да лансира сопствен моден бренд во соработка со LVMH.
Нема коментари