Моментален резултат со долгорочен ефект нудат револуционерните филери на Синклер сега достапни во Клиника Жан Митрев. Дермалните филери Елансе и Маили и колагенската-стимулирачка инјекција Ланлума се најновиот медицински метод во корективната дермална естетика за подмладување на кожата.
Филерите на Синклер во медицинската дерматологија се посебно препорачани заради нивното 2-во-1 дејство кое започнува со корекција на брчките, а потоа продолжува со стимулација на природното производство на колаген во телото, притоа решавајќи ги основните причини за стареење на лицето.
„Резултатите од користењето на Елансе и Маили филерите се видливи инстантно а ефектот е долгорочен. Слој по слој, Елансе создава цврста основа за трајни резултати, односно веднаш ги пополнува брчките и го редефинира обликот и контурите, што е инстантниот ефект, а потоа дејството е долготрајно и делува на намалување на знаците на стареење и подмладување на лицето обезбедувајќи видливо подобрување на квалитетот на кожата, затегнатост, цврстина, еластичност, тон и текстура“, објаснува тимот од одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев.
Дермалните филери се прилагодени за различна цел и ги преобликуваат, прецизираат и подобруваат специфичните области на лицето. За поголеми депресии на кожата се препорачува Ланлума, безбедна и ефикасна колаген стимулирачка инјекција, која ги подобрува облините и контурите на телото, го надополнува волуменот во длабнатите предели на кожата.
„Ланлума е посебно препорачана заради природната стимулација на колаген и затоа што функционира заедно со телото создавајќи природен изглед и безбеден резултатот со долготраен ефект. Докажаната формула со поли Л-лактична киселина предизвикува реакција на регенерација во длабоките ткива на кожата, го поттикнува создавањето на колаген додавајќи волумен за постигнување совршени резултати“, велат од тимот на Клиника Жан Митрев.
И филерите и колагенската инјекција од Синклер се најсовремениот метод во естетската дерматологија со докажани резултати кај голем број задоволни пациенти. Се аплицираат преку инјектирање а за што поголем ефект и безбедност при администрирање се препорачува да се администрираат исклучиво од страна на обучен и овластен здравствен работник.
Достапноста на дермалните филери и колагенската инјекција на Синклер, беше промовирана на ексклузивен настан на кој беа присутни многу познати личности, инфлуенсери и имиња од јавниот живот. За експертската јавноста беа организирани презентации за методите и ефектите на дермалните филери Елансе и Маили и колагенската инјекција Ланлума, сите од реномираниот производител Синклер. Стручниот тим од одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев на дводневната презентација пред стручната јавност, доктори специјалисти, дерматолози и пластичари од целата држава одржаа повеќе работилници на кои пред дерматолозите и специјалистите за естетска дерматологија демонстрираа апликација на филерите.
Тимот на Клиника Жан Митрев стои на располагање за сите дополнителни прашања и консултации за користење на филерите и колагенскиот третман.
Нема коментари