Американскиот дизајнер Том Форд ја затвори Њујоршката модна недела со колекција за пролет–лето 2023 во знакот диско-шик изглед. Шљокастите елементи беа главни во модната визија на Форд, а преовладуваа и модни парчиња во металик бои – златна, сребрена и бакарна. Претстави и креации со проѕирни материјали, тесни шифонски фустани, кратки шорцеви, референци на каубојскиот стил и диско естетиката, мини градници, машки и женски одела, сатенски комплети, предимензиониран накит, а во многу од неговите модели евоцираше разни стилови од 30-годишната кариера.
Нема коментари