Налик на маршот на жените во САД, и слично на многу други феминистички движења, кои се збир од силна енергија и инспирација, впечатливост, еклектичност, богат колорит и различност, помина вчерашната ревија на „Прада“ за време на Модната недела во Милано. Новата колекција за есен-зима 2017, како што изјави дизајнерката Мијуча Прада за светските медиуми, е под силно влијание на феминизмот, за кој се бори, како жена и креативец. Зад сцената изјави „Слушнав дека во Америка, за време на маршот на жените, една стара феминистичка рече: Не можам да верувам дека 50 години подоцна сè уште сме на истото место. Па така, оваа колекција влегива во таа политичка борба за полова еднаквот” .
Колекцијата нема маички со феминистички натписи, или креациитене се со амблеми кои треба да асоцијаат на оваа борба. Но креаторката решила половата еднаквост да ја израси преку креациите. Онаму каде што застана со машката колекција, таму продолжува со женските линии, не правејќи голем рез меѓу машкиот и женскиот крој, туку суптилно ги погодува потребите на современата жена, за удобност, подвижност и уникатност. Таа е инспирирана од филмот „Градот на жените“ на Федерико Фелини, но не буквално од приказната, туку само од насловот. Кроевите наликуваат на стилот на дамите од романите на Агата Кристи, или пак на Али Мекгроу во филмот „Љубовна приказна“.
Колекцијата за есен-зима 2017 е богата со несекојдневни комбинации на форми и материјали, а покрај кафената и црната отскокнуваат силни тонови на жолта, розова, зелена, портокалова и сина. Голем дел од креациите се збогатени со плетива, но не се губи силуетата и женственоста. Повторно понудени се т.н. капути и бунди со став, а комбинациите се повеќеслојни и со многу детали, цветни везови, бисери, реси со нитни, крзно и бисери. Наместо кошули и блузи моделите носеа плетени градници.
Нема коментари