Во чест на прерано заминатиот моден дизајнер Вирџил Абло, основач на брендот Off-White, но и креативен директор на машката колекција на Луј Витон, познати личности и супермодели од неколку генерации се појавија на модната ревија на брендот и ја преттсавија колекцијата за есен-зима 2022. Тимот на Абло, дизајнерот кој во ноември минатата година ја изгуби биткатата со ракот, ја посвети оваа колекција на својот основач и креативен директор.
Колекцијата е полна со референци на препознатливите елементи во работата на Вирџил, како на пример модели до качулки и ленти со натписи. На ревијата во чест на дизајнерот прошетаа Наоми Кембел, Синди Крафорд, Хелена Кристнесен, Амбер Валета, Маријакарла Босконо, тенисерката Серена Вилијамс, сестрите Хадид, Каја Гербер…
View this post on InstagramA post shared by Famous Moms and Daughters (@celebritymothersanddaughters)
Нема коментари