Француската модна куќа што го носи името на славниот дизајнер Ив Сен Лоран вчера ја претстави новата колекција на Париската модна недела со ревија на која позадина беше Ајфеловата кула. Како омаж на Сен Лоран и неговиот партнер во животот и работата, Пјер Берже, новиот креатор на куќата Ентони Вакарело прикажа впечатлива и сензуална колекција за пролет-лето 2018. На пистата поставена покрај фонтаната на плоштадот Трокадеро, веднаш под светската атракција, Ајфеловата кула, прошетаа манекенки облечени во креации кои го рефлектираат стилот на Сен Лоран – сако-фустани, волуменизирани коктел фустани, сакоа дефинирани со златни ремени, проѕини блузи, мини здолништа, светкави и креации во црно-бела палета разиграна со тиркизна и црвена боја. Има и креации со пердуви, балонести форми, комбинации на кожени панталони со широки блузи и секси високи потпетици. “Сакам Сен Лоран девојката да се забавува и да ужива во животот“, вели Вакарело кој смета дека Ајфеловата кула можеби е вистинско клише, ама сепак погледот одовде е прекрасен и како разгледница. Тој откри дека при создавањето мислел на Ив и Пјер, и сакал да го покаже ателјето на куќата и огромниот извор што го оставиле двајцата, па го инкорпорира ДНК кодот на YSL во колекција, но со елементи од неговата лична естетика.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари