Драматични форми во интензивни бои прикажа францускиот кутуриер Стефан Ролан во својата нова колекција на висока мода за пролет 2014. Тешко е да се замисли како може да се обликуваат деликатни облици од толку безтежински прозрачна ткаенина, но на Ролан тоа му успеа. Неговите скулптурални раменици, пеплум-форми и здолништа изгледаат како латици цветови кои се движат низ светлината. Единствени „тврди“ материјалите се винилот, кожените детали и накитот. Еминентниот WWD напиша дека органските скулптурални фустани на Ролан треба да се доживеат во живо, фотографиите ни оддалеку не ја илустрираат импресивната умешност на дизајнерот. Кога би исклучиле неколку креации, како на пример туника-фустанот со лошо ватиран елемент, колекцијата би била совршена.
Нема коментари