Модната дизајнерка Тања Кокев утревечер, 26 ноември, во 20 часот на ревија на големата сцена во Макеоднски народен театар ќе ја претстави новата колекција наменета за свечени пригоди. Изминативе две сезони креаторката ја подели својата работа на Ready to Wear колекција, која се продава подготвена за носење и на Couture колекција наменета за свечени пригоди. На оваа Couture модна ревија покрај сосема новата колекција создадена од богатство на материјали и форми, бисери и ленти измешани со тантела и карнери, кои во себе содржат примеси на декаденција, креаторката за своите почитувачи подготвува и изненадување. Режијата на оваа амбиентална ревија е на Дејан Пројковски, а изборот на музика на диџеј Соња Исмаил.
-Овие креации имаат нова енергија, нов почеток и приказна од која ќе се инспирирам за да творам. Тие претставуваат своевиден блесок, а модата е неретко причина да се чувствувате како да блескате на некој начин. Колекцијата изобилува со тантела, бисери, интересни свили и комбинации, кои се надевам ќе ги натера тие што ќе ги носат креациите да се чувствуваат како ѕвезди кои блеснуваат – вели Тања Кокев.
Нема коментари