По повод 55-годишниот јубилеј од основањето на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, ќе биде организирана модна ревија на која ќе учествуваат студентите од II, III и IV четврта година од програмата за дизајн и инженеринг на облека, а ќе има и ревијален дел со постарите генерации. Ревијата ќе се одржи в четврток, 19 јуни, во 20 часот, во дворот на факултетот. Оваа година заедничка тема на ревијата е „Нашата планета, нашиот дом“. Ревиското претставување е работено под надзор на дизајнерката Лидија Георгиева, професор на програмата за дизајн и инженеринг на облека, а секој од студентите одбра да работи на тема еден од четирите елементите вода, оган, земја и воздух.
Нема коментари