Со ревијата на брендот Mustela Ermin вчеравечер почнатридневното модно случување во Музејот на современата уметност во Скопје, на кое ќе се претстават талентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“. Ира Алексовска, која ја потпишува етикетата Mustela Ermin претстави вкупно 24 креации за сезоната пролет-лето 2016 година.
-Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит- вели Алексовска.
За фризурата на манекенките се погрижи Адо Хамзиќ од Hairdo Salon, а за шминката Дарко Мишовски. Ревијата на Mustela Ermin во организација на Моден викенд-Скопје, беше поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ и Амбасадата на Р. Франција во Македонија. Вечерва со почеток од 20.30 часот следува ревијата на MARKOV. По ревијата посетителите од 22 часот ќе се забавуваат во ресторанот SushiCo.
Нема коментари