Облечена во раскошна креација со златен сјај, поп-пејачката Тамара Тодевска вчеравечер ја заокружи ревијата на креаторката Мила Кадриу во City hall центарот во Скопје. Во снежен, новогодишен амбиент дизајнерката, позната по своите свечени креации и венчаници, ја претстави најновата колекција за есен-зима 2014/15 наречена Crystal ball (Кристална кугла). Иако акцент беше ставен на свечените вечерни креации наменети за претстојните новогодишни празници, MCouture by Mila Kadriu овој пат претстави и елегантни модели за бизнис-дами и помладешки креации. Видлива беше играта со кројот и миксот на материјали.

Фото: Ани и Дими
Преку 22-те дизајни Кадриу ја претстави кревкоста на жената, вкрстена со заводливиот леден поглед. Креаторката се задржала на класичните форми, должини на силуетата. Застапен е класичен крој на панталони надополнети со дезени од самиот материјал, комбинезони, палта изработени од подебели ткаенини, коктел фустани и некласична венчаница со храбро деколте, која одлично ја износе Тамара.

Фото: Ани и Дими
Креации ги износеа манекенките од модната агенција „Подиум“, кои имаа соодветна шминка, обезбедена од официјалниот мејк-ап партнер на десетотото издание на Моден викенд – АВОН во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ“, а за фризурите се погрижи студиото „Бубе студио Ин“ во соработка со „Lakme“. Имиџот беше како на фотографијата со креација на Кадриу која беше дел од изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ во рамки на неодамнешниот Моден викенд-Скопје.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Stylist.mk

Фото: Stylist.mk

Фото: Stylist.mk

Фото: Stylist.mk
Нема коментари