Пред два дена на Олимпискиот стадион во Барселона, во рамките на 080 Barcelona Fashion, бразилската манекенка Ана Беатриз Барос ја отвори ревијата на Mango за колекцијата есен-зима 2015/16. Доманќин на модната ревија беше Џонатан Андик, новиот директор на Mango и син на основачот на брендот, а ѕвезда на модната писта беше една од најпознатите светски манекенки, Ана Беатриз Барос.
-Шпанија е земја полна со живот и страст и тоа е она што ме фасцинира. Бидејќи по потекло сум од Бразил, лесно ми е да се идентификувам со многу обичаи од оваа земја. Драго ми е што Mango сметаше на мене за отворањето на овој посебен настан. Ја сакам музика и колекцијата која Mango ја дизајнираше за оваа сезона е вистински омаж за тие луди години кои проектираат слобода и влечат инспирација од стилот и талентот на тие музички легенди – изјави манекенката.
Со ревијата на Mango се отвори шеснаесеттото издание на модната недела во Барселона, 080 Barcelona Fashion, а меѓу поканетите повеќе од 800 гости беа голем број познати лица од шпанското општество, личности од телевизијата и кинематографијата, радио водители и многу модни блогери.
Mango ја пренесе естетиката на звуците од 60-тите и 70-тите во ревијата во која беа искомбинирани музиката и модата. Стилот на женските музички икони од овој хипи-период како Џенис Џоплин, Грејс Слик, Пати Смит и Деби Хари беше презентиран преку кожните јакни, ѕвонарки, широките фустани и блузи. Беа претставени 58 комбинации во контекст на рок и диско стилот, вклучувајќи долги и ниски деколтеа, кожни „цевка“ панталони, комбинација на текстура и светкави детали кои го славеавистинскиот гламурозен аспект од оваа еволуција. Колекцијата за мажи исто така се навративо времето со тоа што ги реинтерпретираше трендовите на британскиот рок стил. „Цевка“ панталони и војнички јакни и палта беа клучни за колекцијата каде црната боја преовладуваше во облеката со дизајни инспирирани од рокенролот и стилот на младите бунтовници од тој период, со примеси на фолклорен дезен.
Нема коментари