Со моторџиски јакни, колеџ-јакни и безбол маици, во новата колекција на „Луј Витон“ евиденстно се чувствуваат референци на спортската облека. Никола Гескиер, креативниот директор на париската куќа, овие спортски елементи ги претстави на полуксузен начин, но на крајно нослив начин, преведени во реалноста, и следејќи ги принципите за нова нормалност и модерност. „Јас и понатаму продолжувам да го гледам начинот на кој жените се облекуваат денес, на улица, и им ја нудам мојата интерпретација на „Луј Витон“ облеката“, изјави дизајнерот по вчерашната ревија на колекцијата за есен-зима 2016/17. Гескиер за инспирација го зеде и виртуелниот свет и објаснува: „Имавме идеја за едно патување на една жена која може да биде дигитална хероина, како Tomb Raider, која открива археолошки локалитет“. Клучно е што Гескиер нуди мода која е блиска на она што жените сакаат да го носат денес, жените кои се повеќе ориентирани на уличната мода, релаксирана и попристапна за модерните урбани хероини, па претстави изгледи за секој ден и облека што ја рефлектира реалноста – асиметрични здолништа, панталони од сјајна кожа, слип-фустани, џемпери со спортски ленти, маици со графички мотиви, креации со кожени кратки ракави, поинаква елеганција со фустани со корсетирани делови, благ футуризам, и секако, серија на чанти и ранци со LV потпис. Никола со оваа колекција понуди нова класина и new normal, но на поинаков и поавангарден начин, создавајќи хибдрид меѓу haute дизајн и нослив спортски стил.
Нема коментари