Во саботата Музејот на современа уметност во Нитерој, Рио де Женеиро вибрираше во духот на модата благодарение на претставувањето на новата ресорт колекција на париската модна куќа „Луј Витон“. Богатство од бои, спортски дух и тема што реферира на автомобилски трки, познати личности како Кетрин Денев и Алисија Викандер, креации кои се уметничка посвета на градот Рио де Женеиро, шарени чанти и необични куферична со изглед на ретро касетофорни и со потпис LV, сето тоа се случи на големата вијугава писта на платото пред футуристичкиот музеј во Нитерој, дело на славниот бразилски аргитект Оскар Нимаер. После Монако и Палм Спрингс, креативниот директор на „Луј Витон“ Николас Гескиер, го избра Рио, чија енергија, колоритност и пејсажи послужија за инспирација, дополнето со спортско и скоро надреално расположени во модното шоу.
Ова е првпат да се организира модна ревија во познатиот музеј во Нитерој, повеќе за фасцинантата градба на Нимаер на овој ЛИНК.
Нема коментари