Креаторката и стилистка Јелкица Поповска вечерва ќе одржи модна ревија во скопската продавница „Аурис“ на која ќе прикаже уникатни модни парчиња рачно изработени со „пебео“ бои, а познатата манекенка Елена Трајановска ќе биде ексклузивен модел на настанот . „Се работи за соработка со Pebeo од Франција и боите за текстил Setacolor кои ги користат и „Шанел“ и „Диор“ за нивните handmade дизајни. Ова ќе биде прва ревија за нив, но ќе има и наредни. Секојпат ќе се работат различни парчиња, овојпат тоа се здолништа и фустани, понатаму ќе се прават маици, хеланки, чадори, чаши…“ ни откри Јелкица. Парчињата ќе се продаваат во продавницата „Аурис“, официјален лиценциран продавач на овие бои, која се наоѓа на Ленинова 54.
Нема коментари