Шведскиот бренд за секојдневна мода H&M вчеравечер одржа ревија во култниот Tennis Club de Paris, во рамки на Модната недела во Париз.
Колекцијата е инспирирана од силата на љубовта, грациосноста и страста на балетот. Богата е со лелеави и транспарентни материјали и карнери, а доминираат црната, белата и розовата боја. Во првите редови на промоцијата на новата линија See now, Buy now за пролет-лето 2017 на H&M Studio беа трендсетерки како Алекса Чанг, Ники Минаџ, Лаки Блус Смит, Клеменси Поеси и Саша Лејн, додека креациите на писта ги носеа во моментов најбараните модели меѓу кои и сестрите Бела и Џиџи Хадид, Амбер Валета и Џордан Барети.
Шведскиот high street бренд се придружи на трендот на See Now, Buy Now (Погледни сега, купи сега) во кој повеќето модни куќи кои по премиерното претставување ги нудат новите креации на продажба. Освен колекцијата жени, која беше преставена на ревијата, може да се купат и новите модели од линиите за мажи и за деца, на hm.com, а се понудени и во продажните салони на брендот.
Нема коментари