Преку приказната на раскажувачот, придружувана од ритамот на виолината, на калдрмата во Старата скопска чаршија вечерва беше промовирана новата колекција на модната етикета Hard to Explain. На перформансот, со кој почна ревискиот дел од деветтата сезона на Модниот викенд-Скопје, дизајнерките Катерина Попева и Марија Дацевска ја претставија романтичната, нежна страна на авангардната мода. Hard to Explain, чии ревии секогаш се проследени со уметнички перформанси, и овој пат ја раскажа својата модна приказна на еден поинаков, бајковит начин. Моделите се со свечена нота, и може да се носат повеќе сезони. Тие се наменети за девојки што сакаат да експериментираат и да изгледаат впечатливо. Иако се налик на сценски модели, односно на театарски костум, сепак, креациите се носливи. Застапени се пастелни тонови, зелена, виолетова, сина, крем и сивата боја. Користени се свила, памук, кожа и природни материјали, а има и хеклана жица.
Погледнете ги фотографии снимени од тимот на Stylist.mk.
Нема коментари