Откако неговите идеи до деаљ од претходните колекции ја преплавија секојдневната и високата мода, не зачудува фактот дека со нетрпение модниот свет ја очекува новата колекција на Алесандро Микеле за Gucci. На вчерашната ревија за време на Миланската модна недела, на која се бараше место плус од највлијателните модни имиња, дизајнерот истовремено одушеви и шокира со својата нова визија за максимализмот. Алхемијата со која комбинира навидум неспоиви стилови, креации, бои,парчиња , материјали и светови, ја продолжува и со новата еклектична линија за пролет-лето 2018. Секоја креација и секој с тајлинг е посебна повеќеслојна приказна. Овој патувач низ времето и трагач по нова модна нарација, која во детаљи инспирира, повторно ја вади жената од стереотипите и и дава моќ да биде тоа што сака во било кој дел од денот. Во новите модели може да се зебележат референци со стилот од Елтон Џон, Фара Фосет, стилот од 70-тите, 80-тите, 90-тите, преку цртаните за Душко Долгоушко, па се до видеоигрите Sega. Ако се земе в предвид фактот дека колекциите на Gucci со потпис на Микеле беа едни од највлијателните изминатиот период, и дека дури за 43 отсто ја зголемија продажбата на овој бренд, нема да биде претенденциозна претпоставката дека ова е правецот во кој ќе се движи модата следните сезони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари