Младата македонска креаторка Евгенија Зафировска со диплома по моден дизајн стекната во Љубљана, повторно се претстави на регионалниот настан BAFE (Balkan Art Fashion Event), кој во моментов се одржува во Студентскиот културен центар во Белград. Таа се претстави во првиот ден со колекцијата Pop Up креирана во црвена и црна боја. BAFE се одржува по седми пат и на овој настан се презентираат скоро 60 автори од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, избрани на конкурс на кој пристигнале близу 200 дизајни.
Нема коментари