Францускиот дизајнер постојано создава провокативна облека, тој сака здолништата да бидат кратки, а блузите проѕирни. Сексапилот не изостана и во новата колекција на Ентони Вакарело за есен-зима 2014/15, прикажана во првиот ден од модната недела во Париз, но овојапат од поинаков агол. Провокативниот момент сега е фокусиран на проѕирните горни делови од облеката, како и на екстремно кусите фустани и здолништа.
Вакарело, протеже на Донатела Версаче и гостин-дизајнер на нејзината линија Versus, во останатиот дел од колекцијата беше поскромен, прикажувајќи ролки (некогаш оцрнет дел од гардеробата што сега доживува враќање), рокерски фустани, кожени јакни поставени со крзно, модели од лакирана кожа и женствени креации со асимтречен крој или со богати набори и карнери. Дизајнерот позајми и неколку делови од машката гардероба, како панталони со раб и класично палто. Во однос на бојата, главни се црната и белата, но се појавуваат и сивата, црвената и сребрената.
Нема коментари