„Како да чекорам во сон… Како „Блејд Ранер“ да се среќава со „Заспаната убавица“…Со овие зборови славната актерка и модел Мила Јовович вчера на својот профил на Инстаграм ја опиша ревијата на Elie Saab на Неделата на висока мода во Париз. Тоа можеби е и најсоодветниот опис на оваа бајковидна колекција за есен 2016. Ревијата почна со модели кои алудираат на главната инспирација на славниот дизајнер-Њујорк. Дел од симболите на оваа метропола, како Empire State Building беа умешно аплицирани на дел од фустаните.
Линијата потоа преминува во нова димензија, со флорални епликации, птици, перја, златовез, скапоцени камења, микс на истокот со западот и кокетирање со стилот од 40-тите години. Покрај раскошните креации за девојки и жени, креаторот вметнал и фустани за девојчиња- како Алиса во земјата на чудата. Без сомнеж ова ќе биде една од најбараните колекции за на црвениот килим за престојната сезона на доделувања на филмски и музички награди, и можеби една од најкопираните за свечени креации и венчаници.
Нема коментари