Модната куќа за свечени креации и венчаници, „Елена Лука“, вечерва во 20 часот, во ќе ја претстави својата нова колекција Golden reins, во просториите на „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“. Ревијата, на која ќе бидат промовирани креациите за сезоната пролет-лето 2014, е во рамките на деветтото издание на Моден викенд -Скопје.
При изработка на моделите употребени се квалитени материјали, игра со тантели и силни контрасти во текстурата, формата и конструкцијата. Секој модел ја нагласува автентичноста играјќи со форми, притоа оставајќи свој белег и лик и мекост во изборот на завршната линија од креацијата, која е синоним на женственоста, автентичноста и раскошот. Покрај елегнатните парчиња облека, за оваа колекција, наменски се искреирани и изработени чанти и чевли кои го носат потписот „Елена Лука“.
-Значењето на името Golden reins, или „Златни узди“ на новата колекција претставува суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети креациите на „Елена Лука“. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите креации-вели Елена Лука.
За Golden Reins беше изработен автентичен каталог. Фотографиите беа снимени во центарот на Скопје. Покрај манекенката, која ги носи новите креации, значајна улога игра и коњот.
По ревијата во Скопје, Елена Лука во сабота патува во Виена. По успешното претставување на светски познатиот настан Bridal Thing во Виена, пред еден месец, овој македонски моден бренд, ќе учествува на етаблираниот-хуманитарен виенски бал Dancer Against Cancer. На 5 април, во палатата Hofburg, во друштво на различни австриски еминентни личности, Елена Лука, на настанот на кој присуствуваат над 3.000 луѓе, ќе донира луксузна креација. Ова, за Елена Лука, ќе биде претставување на својата уникатна слика кон светот, во колевкатана на модерната европската култура. Програмата на балот, има ревијален и забавен карактер, според виенско- балската традиција.
Нема коментари