„Диор“ се враќа во историската Бленам палата во Англија за да открие новата ресорт колекција, на истото место каде што претходно два пати триумфираше – во 1954 година со ревија на Кристијан Диор на покана на принцезата Маргарета и во 1958 година кога наследниокот на Диор, младиот Ив Сен Лоран претстави колекција за „Диор“. Бленам, оригинално резиденцијата на Лордот од Малборо, е една од најспектакуларните британски палати и место во кое се родил Винстон Черчил. Токму Бленам вчера беше домаќин на прикажувањето на новата колекција на „Диор“.
Гостите за да стигнат на ревијата во палатата Бленам во Оксфордшир, од Лондон патуваа со возот наречен Диор експрес, меѓу нив беа Кејт Мара, Ема Роберст, Кејт Бекинсејл, Кјара Ферањи, со цел да ја видат колекцијата за ресорт 2017 полна со принт, набори и нагласени раменици. Модната куќа „Диор“ веќе неколку сезони работи креативен директор, откако Раф Симонс даде отказ, па колекциите ги креираат in house-дизајнерите Луси Мејер и Серж Руфју. Тие иако веруваат во нослива мода, најавија ексцентричност и екстравагантност за враќањето на брендот во англиската палата. „Англиски шик се спојува со француски шик на ексцентричен начин“, велат тие за поврзувањето на „Диор“ со Бленам. Дизајнерите претставија необични комбинации на бои, слоевити слип-фустани, тропски принт, класични кроеви разиграни со ретро стил, спој на англиската и француската култура и фокус на високото општетство во перидот по II Светска војна.
На ревијата во Бленам претходеше забава во лондонски паб кој за таа вечер беше наречен Lady Dior Pub, како и инфромацијата дека Бела Хадид е новото заштитно лице на козметката на брендот. Актвностите на „Диор“ во Лондон не завршуваат, па овој петок се отвора новата продавница на New Bond Street, дизајнирана од познатиот Питер Марино, а во исто време ќе биде претставена посебна едиција на модни додатоци направена во соработка со познатиот уметник Марк Квин.
Нема коментари