Цветните дезени, леопард-принтовите и комбинација на впечатливи шари и бои, кои во мејнстрим модата се сметаат за женски, може да најдат умешна примена во машката мода. Тоа веќе неколку сезони го докажува британскиот бренд Burberry Prorsum, кој вчера одржа ревија на Лондонската недела на машка мода. Бришењето на границите меѓу т.н. машка и женска мода отвора многу можности за креативно искажување, шанса што одлично ја користи талентираниот дизајнер Кристофер Бејли. Тој веќе направи машка верзија на славните „барбери“ мантили и чарени марами, вметна големи чанти и ѝ даде поуметничка нишка на машката мода.
Лежениот боемски имиџ од претходните сезони се надоградува и во колекцијата за есен 2015. Мешањето на стилови, принтови и комбнацијата со впечатливи детали воопшто не ѝ смета на елеганцијата на брендот, напротив , ја прави подостапна за новите генерации и поприменлива кај поширока клинетела. Станува збор за богата колекција, со многу елементи и слоеви, која во е нова е со едноставни кроеви. Бејли предвидува пред сè удобна и топла есен, со квалитетно сработени капути, бунди, елеци и јакни, панталони со должина на глуждот, шарени кошули и марами, како и понча и мантили, кои се надоврзуваат на актуелните трендови . Палетата на материјали и бои е широка, сите се блиски со есенските тонови и се лесни за комбинирање.
Нема коментари