Една од најинтересните и најсвежи колекции прикажани на 16-тото издание на Моден викенд Скопје е линијата „42“ на младата српска дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ. На своето прво претставување во Скопје вчеравечер таа ги одушеви посетителите во хотел „Мериот“ со смелите и иновативни креации. Таа прави модерен избор на неонски тонови и спој на навидум неспоиви материјали. Креациите се инспирирани од познатиот роман „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс, па оттука 42, како одговор на прашањето за животот, универзумот и сѐ останато. Креаторката понуди модерни костуми во розови, сини и виолетови нијанси, збогатени со крзна, фустани и здолништа со ласерски сечени отвори и модели со натписи . Стајлизните се комплетирани со крзнени додатоци и брошеви и апликации во вид на глувчиња. (А.Н.)
Фото: Ани и Дими
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари