Познатите дела на значајните скулптoри во македонската современа уметност како: Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Димо Тодоровски и други, добија модна интерпретација. Инспириран од скулптурите младиот дизајнер Мите Занов ја создал новата колекција „Миг“ (Moment), која ја промовира со ревија во понеделникот во фоајето на Македонската опера и балет.
Моделите се со тридимензонални форми, во авангарден стил. Направени се од висококвалитетни материјали, како штоф, кепер, свила, како и неконвенционални материјали еко кожа, метал… Палетата на бои градира од јаки и силни бои, кон монохроматски црно и бели модели.Моделите на ревијата во МОБ ги носеа манекенки од Models In. За фризурата и шминката се погрижија Social hair salon, Елена Николовска и Ана Пистова. Чевлите беа од Chantel Shoes ГТЦ.
Модниот проект на Занов е поддржан од Министерството за култура, како дел од конкурсот Креативни индустрии.
Ревијата имаше и хуманитарен аспект. Беа собирани донации за лекување на 23-годишниот Борче Проданов кој боледува од dystrophy musculorum progressive.
Фото: Никола Илиевски
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари