Во својата четврта колекција за модната куќа „Баленсијага“, американскиот дизајнер Александар Ванг и креативен директор на брендот, во колекцијата за пролет-лето 2015 прави фузија на спортски стил со футуристички идеи, на црната и белата боја со пастелни тонови. На пистата направена од осветлени, стаклени геометриски платформи, Ванг ревијата во рамките на Париската модна недела ја почна со неколку изгледи инспирирани од естетиката на „Матрикс“ за да продолжи со креации со впечатлива текстура и со светкави кристали во пастелни тонови на розова и боја на лаванда.
Ванг изјави дека за оваа сезона сакал да прикаже поголема доза на луксуз, ново расположение кое ќе му пркоси на воздржаната мода од последно време, па оттаму употребата на кристали и украсување по кои и впрочем беше препознатив стилот на основачот на куќата Кристобал Баленсијага. Ванг секако оддава почит на креативното наследство на Кристобал, кое по израз беше построго, со едноставни линии и авангардни форми, но сепак богато со уметнички детали и декоративни елементи. Неговата нова колекција е истовремено е составена од безвременски форми и футуристички референци, а е доволно елегантна и женствена за стилот на секоја космополитска жена.
Нема коментари