Модната недела во Париз секогаш го привлекува најголемото внимание кај модната публика, Париз и денови е епицентарот на модата во кој се претставуваат новите визии на големите модни куќи, а во стартот на колекциите за пролет-лето 2023 да погледнеме две моќни приказни потпишани од куќите на Ив Сен Лоран и на Диор.
Ентони Вакарело, креативниот директор на Ив Сен Лоран, подготви уште една спектакуларна ревија пред Ајфеловата кула, овој пат со фонтана и сценографија изработена за ревијата, прикажувајќи колекција во духот на 80-тите години и она што самиот Ив Сен Лоран го креираше во таа ера. Видовме долги капути со нагласени раменици, издолжена силуета, потемни и земјени тонови, парчиња облека кои завршуваат со качулка, еден моќен изглед кој реферира и на Матрик-естетиката.
Марија Грација Кјури во колекцијата на Диор се наврати на еден постар историски период и се инспирира од француската кралица со италијанско потекло Катерина Медичи. Кјури претстави кринолини од бела и црна тантела, обемни кошули и романтични цветови, модели со вез и со естетика на долна облека, како и детали карактеристични за модата на Франција од 16-от век.
Нема коментари