Неколку сезони наназад, откако е на позицијата креативен директор на париската модна куќа „Сен Лоран“, дизајнерот Ентони Вакарело ревиите ги одржува на платото кај Ајфеловата кула. И за новата колекција за сезоната пролет-лето 2020 Вакарело направи модна окупација кај овој препознатлив симбол на Париз и прикажа црни креации, транспарентни блузи, раскошни светкави ткаенини, кашмирен дезен и модели со мини должина.
Вистинско изненадување на ревијата беше супермоделот Наоми Кембел, која што ја затвори ревијата на „Сен Лоран“.
Нема коментари