Со нагласени раменици, секси мини должина и смокинг костуми како омаж на Ив Сен Лоран, новата колекција на Ентони Вакарело за модната куќа „Сен Лоран“ е навраќање на 80-тите години и на моќното облекуање (power dressing). Вакарело вели дека сè почнува со рамениците и преку нив на жената ѝ дава моќ. Силуетата е дефинира и предимензионирано „сенлорановска“. Претставени се машки и женски креации, а забележавме крзно, животински принт, проѕирни материјали, светки и кадифе. Во првиот дел од ревијата доминира црната, но во вториот Вакарело направи драматичен премин во распложението и прикажа вечерна колекција во флуоресцентни бои.
Нема коментари