Новиот креативен директор на „Гучи“, Алесандро Микеле, својата втора колекција за италијанска модна куќа наменета за сезоната ресорт 2016 одлучи да ја прикаже во артистичкиот дистрикт во квартот Челси во Њујорк. Дизајнерот прикажа стилови од 60-тите и 70-тите години, колоритни модели, релаксирани костими, кошули со панделка и женствени плисирани здолништа. Палетата е богата со пастелни тонови и поинтензивни бои, Микеле вметнува доста принтови и ретро модни детали, а и натаму ја следи насоката што ја зацрта со првата колекција за „Гучи“ – сензуалност пред сексапилност.
Нема коментари