Што се случува кога ќе направите микс на симфонија од културни референци со вашата дизајнерска опсесија за ткаенини и текстури!? Одговорот ни го даде Дрис Ван Нотен, белгискиот дизајнер кој вчера во Париз претстави колекција за есен-зима 2015/16 полна со страстни, колоритни и неконвенционални теми. Ван Нотен како да отворил енциклопедија и се инспирирал од разни култури и периоди, па креира гејша стил со набрани помпадур-ракави, ориентални свилени капути со модерни каки-панталони, милитаристички палта со фустани со богат вез во винтиџ-стил, здолништа во стилот на 18 век со блузи со пеплум корј и уште многу еклектични, но елегантни комбинации. Дизајнерот претставува богата палета на бои, различни материјали и впечатливи декоративни детали.
Нема коментари