Редефинирање на елеганцијата, секодјневниот изглед и раскошот, повеќеслојни стајлинзи, комбинација на различни епохи, новитети во принтањето, кроењето, изнаоѓање на нови форми и уште многу иновативни чекори ја одбележуваат актуелната Модна недела во Њујорк. Најважниот моден настан, со кој почнува сезоната на ревии за престојната сезона пролет-лето 2015, поставува нови стандарди во ready-to-wear колекциите. Слободно може да се спореди со научен симпозиум по мода, каде што натпреварот меѓу креаторите се одвива на ниво на иновативност, а потоа се споредуваат квалитетот и просперитетот на пазарот. Неделата на мода во Големото јаболко, која трае од 3 до 11 септември, фасцинира не само со квалитетот , но и со квантитетот. Речиси е невозможно детално да се проследат сите ревии перформанси, па покрај тоа што е предизвик за модните куќи, дизајнерите моделите и стилистите, ова е „кралица“ на модните настани и за новинарите, фотографитеи блогерите… Затоа , не е возможно сите настани да бидат подеднакво истретирани во и онака ограничениот медиумски простор во магазините, весниците и на сајтовите. Во продолжение се дел од колекциите за пролет-лето 2015 што оставија најголем впечаток.
Дајан фон Фурстенберг
Дамата што со декади дава нови патозаки за изгледот на бизнис-дамата и нејзино ослободување од конзервативните костуми, за пролет-лето 2015 најде инспирација во стилот на Брижит Бардо. Нејзи нтепрепознатливи шарени фустани од памук со преклоп, овој пат се подинамични, со повеќе отвори, подлабоко деколте и каро-шара. Флоралните принтови се иведени со колажи , милеа и со недефинирани шарени форми, кои од далеку даваат слика на цвет. Покрај здолништата и фустаните кои се во мека верија на моделите од 50-тите години, има панталони и шорцеви. Ова се креации што може да ги видиме на урбаните хероини, како Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) и Оливија Палермо. Посебен шмек на ревијата што се одржа викендов, и даде појавувањето на Наоми Кембел како и новата модна миленичка, Кендал Џенер.
Викторија Бекам
Како што созрева Викторија Бекам како дизајнер, така нејзините креации стануваат поминималистички и сè повеќе излегува на површина нејзината отмена страна. Во новата колекција за следната пролет, таа прави нежна верзија на милитаристичките модели. На едноставните форми им додава мининални интервенции, како вметнување на коланот во модело, ситен вез на преклопот, порабување во внатрешната и надворешна страна на палтатаи здолништата, поголем џеб од вообичаено…Иако се мали интервенциите доста се видливи и незаборавни. И изборот на боите е дноставен, валкано-бела, црна и кафена, со мали жолти и бели отскокнувања во вид на цвтене принт.
Каролина Херера
Цветните принтови најчесто се врзуваат за пролет-лето сезоната, што на моменти може да биде очигледен, клише избор за да се одбележи една пролетна колекција. Но Каролина Херера, свесно ги земала цветовите како лајт мотив, со намера да ја покаже новата идна форма на флоралната шара. Покрај иновативните графички принт решенија, каде што цветот е ставен во соема нова димензија, таа направила интервенции и на фомрите на креациите, кои даваат впечаток сека се 3Д скулптури. Одличен е и мискот на бои, бела, магента, шеќерно-розова, бела и сива. Се очекува нејзните раскошни креации со тродимензионелани ефекти да најдат примена на црвениот килим, барем кај посмелите катери и пејачки.
Алтузара
Најсподелуваната ревија на социјалните мрежи овој викенд, особено на „Инстаграм“, имаше покритие за фасцинацијата кај ѕвздите, новинаритеи блогерите. Младиот Џозеф Алтузара некако ѝ срасна на срце на новата генерација модни икони, а таа љубов ќепродолжи исо заживување на колекцијата пролет-лето 2015, која е ретро во шарите, актулена по формата но напредна во зиведбата. Застапени се карирани фустани здолништа и кошули, кои можеби потсетуваат на пикник чаршаф, но се наменети за многу повеќе настани, па и за бизнис-изглед и за свечени и вечерни настани.
The Row
Сестрите-близначки Мери-Кејт и Ешли Олсен во својот моден бренд The Row го пресликуваат својот личен бохо-стил, со нагласен волумен и со креации кои потсетуваат на напластени партали. Но колекцијата е сè само не парталава. Во добро осмилени форми, кроеви, кои иако имаат многу ткаенина, не ја бришат модрената и жеснтвена нишка, дури и кај креациите кои се преземеи од машкиот ормар. Налик на современи свештенички, моделите на вчерашната ревија ги донесоа грациозните, футуристички, повеќеслојни креации со слатно-жотла, кафена , црна и бела боја.
DKNY
Наспроти минимализнот, еднонојните креации и елеганцијата, по која обично трагаат дизајнерите во Њујорк, Брендот на Дона Каран, DKNY, понуди повеќеслојна, шарена линија. Во неа нема само храбра комбинација на модеи, туку и на принтови, а над се се и впечатливите тонови. Моделите влечат инспирација од афтиканските племиња и од индијанските носии. Трајб изгледот е заокружен со свтентичен стајлинг.
Thakoon
Трендот на неколкуслојност го продолжува Thakoon со одлилната колекција, која ена неколку нивоа. Миксањето на шарите, материјалите, и моделите не с елучајно, туку секој стајлинг има своја приказна, секоја е уикатна и модерна. Ова е насоката вокоја треба да се движат сите што го сакаат неконвенционалното комбинирње на модели. Направени се иновации и во формите на моделите. Инстересно е што во ниенедн момент крециите не се нападни, парталави и превпечатливи. Тие ја имаат задржано урната елеганција, која ја преферираат њујорчани.
Питер Сом
Формулата како да отскокнете од топлата и да не влезете во униформираната шема што трендовите и модните куќи ја наметнуваат секоја сезона, ја има Питер Сом. Таа се крие во основата на новата колекција претставена во Њујорк. Со овие креации нема да изгледате само поинакво, туку и напредно, ова се форми што допрва ќе се развиваат и ќе влезат во секојдневниот изглед на современата дама, која, без разлика дали е бизнис-жена, блогерка, модел или обична следбеничка на модата, ќе го одвлече вниманието на останатите, а притоа нема да биде пренападна.
Нема коментари