Викендот во кој светот го одбележа Денот на жената, (8ми март) Париз тоа го направи најдобро што може-со јазикот на модата, уметноста и ексцентричноста. Секое издание на Париската модната недела е своевидна револуција во модата. На овој настан се лансираат не само новите трендови за форми и бои, туку и нови технички решенија, нови модни гледишта и изрази. На ова издание, изминатите неколку дена беа претставени низа колекции кои се најдоброто од миксот на уметноста и модата, а дел од нив покажа храброст и револуционерни чекори. Авангардни колекции, вечна елеганција, историски истражувања и патувања во иднината се само дел од приказните промовирани во француската метропола за сезоната есен-зима 2015.
Вивиен Вествуд
Борбата за полова еднаквост, како и освестување и бунт за многу општествени прашања и неправди, се рефлактира во новата колекција на Вивиен Вествуд. По неколку сезони себеповторување и реинкарнирање и развивање на старите идеи, британската дизајнерка конечно направи чекор напред и понуди линија која можеби не отстапува од нејзиниот стил, но е чекор напред во нејзиниот дизајн. Линијата е повеќеслојна, еко-осветстена и е микс на стилови, со необичен микс на бедиунски и викторијански парчиња. Дизајнерката не става граница меѓу машките и женски парчиња, па на писта се појавија машки модели во фустани, како и манекеки во машки костумуи со нагласен волумен. Големо внимание предизвика и појавувањето на актерката Гвендолин Кристи, позната по улогата на жената-воин Брина во „Игра на троновите“.
„Селин“
Брендот што ја слави урбаната елеганција, чии парчиња доста се копирани од популарните етикетите за секојдневна облека, лансира линија која е совршен микс на шаренилото на современиот свет и минимализмот на футуризмот. Дизајнерката Фиби Фило, која е препознатлива по својот модерен дизајн, истенчен отмен вкус, повторно одушеви со колекција која поставува нови правила во т.н. новата елеганција. Креациите се со животиснки принтови, отвори и дошивања кои се се само не клаични, а сепак оставаат впечаток на вечна класика. Застапени се крнени парчиња со цветови, неколку сјони, а сепак ненатрупани модели, како и понча и наметки. Боите се неутрални, бела, песок, црна, портокалова, сива и кафена.
Comme des Garçons
Можеби најдраматичнта и најексцентрична беше новата колекција на Comme des Garçons за следната есен.Тимот на бребдот птестави костимирани модели, со впечатливи форми, налик на мрачни маскоти. Црните и бели креации се масивни, со театрална појава. Остваат простор за слободна интерпретација и за развој на линија која предсе има иднина на цвенските настапи.
Kenzo
На авангардниот повеќеслоен тренд, која иако ја натрупува жената со материјали, отлрива слобода на изразување и градење на сосптвен имиџ, ослободен од силните струи на секојдневната мода, се приклучи и тимот на „Кензо“. Колекцијата наменета за современите номади, и луѓе кои сакаат удобност и впечатлив имиџ, содржи асиметрични креации, наметки, понча, прекривки налик на пустинска роба, и капи како на авантуристите и истражувачите во северна Африка од 20-тите и 30-тите години. Од друга страна, Керол Лим и Умберто Леон, во однос на боите се вратиле назад кон природата, нудејќи повеќе нијанси на зелена, како и флорални принтови.
Chloé
Хипи-стилот од 70-тите години, кој на голема врата се врати оваа година е во сржта на есенската линија на Chloé. Понудени се долги лелеави фустани, флорални модели, збојатени со тенки црни марами околу вратот и елечиња. Тука се лелените кошули, и долите палта, со машки крој, широките палнатлони со висока половина, како и модели инспирирани до традиционалната иднијанска облека. Бохо имиџот е дополнет со реси и тантелата со кои се порабени лежерните креации.
Elie Saab
Ревиите на Elie Saab секогаш предизвикуваат големо внимание кај љубителите на свечени креации, кај идните невести и кај тие што ги следат трендовите на црвениот килим. Обично на шоуата на овој дизајнер изобилува со женственост, секспаил, роматичност и широка палета на бои и рачни везови. Ревијата во Париз беше сето тоа, но многу помрачна и помистична од она на кое ги навикна Elie Saab медиумите и своите клиенти. Колекцијата стартува со панталони и костуми во црна, темносина и темноцрвена боја, а се разви во драматична секси линија, која исто така беше во тој мрачен стил. Дури и цветните парчиња во себе носат мистичност.
Maison Margiela
Лудата генијалност на Џон Галијано, одлично се рефлектира во новата колекција преставена на Париската модна недела. Под називот, „Лудата дама со мачките“, не беше само одличен и театрален преформанс, туку и солиден дизајнерски приказ, на совремата жена, која има свои чудни опсесии. Во линијата за Maison Margiela создаде баланс меѓу уметничкото лудило, дизајнерската ексцентричност и удобната и носива облека. Иако навидум стајлизните се хаотични, потајно се подредени со голема прецисност, не само во дизајнот туку и во изборот на бои.
Нема коментари