Скопската винарија „Камник“ на зајдисонце се покажа како поинаков мизансен за прикажување модна колекција. Токму таму, вчеравечер, со последните сончеви зраци, дизајнерката Мила Кадриу ни ја прикажа новата „модна вистина“. Надвор од официјалната програма на Моден викен-Скопје, но во нивна организација, Мила прикажа нова колекција наречена „Веритас“ со модели наменети за пролет-лето 2015. При создавањето на колекцијата размислувала за жената и нејзината природна убавина, како што вели самата дизајнерка вели, за вистината на нејзините чувства вистината за потеклото на нејзината насмевка, вистината за вљубеноста во нејзината втора кожа, задоволство за доживување на самата личност како совршенство Потрагата по женската вистината ја води до одговори на прашањето „Што жените вистински сакаат да носат?“. Елегантна, добро скроена, по малку романтична, колоритна, развигорена и пред сè допадлива облека во коктел варијанти, преточена во урбани парчиња и секако дополнета со серија вечерни фустани за различни свечени пригоди.
Мила Кадриу која креира под брендот MCouture за тековната сезона предлага светла палета на бои, со повремено инкорпорирање на црната и употреба на принтови во цветна или апстрактна варијанта. Дизајнерката претстави облека која е разновидна и се движи од коктел фустани, кошули, панталони и комбинезони до свечени фустани. Во поголем број на моделите силуетата во горниот дел е припиена, но во долниот лелеава или волуменозна. Во комплетирањето на колекција користи различни материја и детали: тантела, свила, брокат, свилен жоржет, везени апликации, а во некои креации се забележуваат пердуви од ној и кристални камчиња за понагласен ефект. Манекенките од модната агенција „Подиум“ излегуваа од големата дрвена врата од објектот на винаријата кој налукува на замок и се движеа меѓу публиката која уживаше со чаша вино. Имаа минималистичка шминка и пунџа која завршува со перче кренато нагоре и кое потсетува на пердув. За фрузурата се погрижи „Lakme“ во соработка со „Бубе студио Ин“, а за шминката „Космо“ со „Manhattan“.
Нема коментари