Новиот и футиристички музеј на фондацијата на „Луј Витон“ се покажа како -вистинска сценографија за прикажување на колекцијата за есен-зима 2015/16 на модната куќа „Луј Витон“. Најновата визија на Никола Гескиер за францускиот бренд ја следи таа линија на футуристички изглед донесувајќи слика за иднината преку металик ткаенини, необични волуменозни форми и футуристички очила за сонце.
Третата колекција на Гескиер за „Луј Витон“ нуди и монохроматска палета, строги кроеви, плетиво со структурални форми и крзно, заокружено со одличен стајлинг и акцент на новата ит-чанта во облик на мало ковчеже, која е инспирирана од богатата архива на брендот и познатите ковжези за патување. Како и секога, почит на ревијата му дадоа повеќе познати личности од модата и забавната индустрија, а покрај музата на Гескиер, актерката Џенифер Конели, присутни беа и Клое Морец, Кетрин Денев, Селена Гомез, Мишел Вилијамс, Ким и Канје Кардашијан.
Нема коментари